После 2 години мандат како премиер, Претседателот на Владата Димитар Ковачевски кој пред тоа никогаш не дошол на посета меѓу Ромите во рок од неколку дена по втор пат е актуелен со своите посети меѓу Ромите. На 16 јануари беше во официјална посета на Шуто Оризари, на потпишувањето на договорот меѓу УНДП и Општина Шуто Оризари за изградба на Ресурсен центар за повратници и други ранливи категории на граѓани.
Тој веќе вчера повторно беше присутен во хотелот Александар Палас каде се одржа Ромскиот бал во организација на Сојузот за Ромите од Македонија. Овој пат премиерот Димитар Ковачевски на балот дојде во придружба на неговата ќерка. Покрај Ковачевски пристуни беа и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски.
Youtube: