Денеска на 24 октомври 2020 година почина Амди Бајрам, претседател на Сојузот на Ромите од Македонија и повеќегодишен преставник на Ромите во македонското Собрание.
Роден е на 30 август 1956 во Скопје и има завршено средно трговско училиште, Бајрам во 1994 станал пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник. Во 1996 ја основал СРМ и бил назначен за нејзин претседател. Во периодот 1998–2002 ја поддржувал владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски.
Во 2008 година влегол во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски. Бајрам ја прекинал коалиција со ВМРО-ДПМНЕ откако партијата заминала во опозиција по парламентарните избори во 2016 и прејде во коалција со СДСМ на премиерот Зоран Заев. На последните парламентарни избори оваа година од здравствени причини не беше ставен на листата за идниот парламентарен состав