Фаик Абди е роден во Скопје на 2 март 1937. Имаше завршено средно образование, а потоа работеше како советник во секторот економија и план во фабриката за хартија „Комуна„ во Скопје. Инаку бил одборник во градското собрание на Скопје и пратеник во Собранието на СРМ од 1969 до 1974 година. Во самостојна Република Македонија имаше два мандати како пратеник од 1990 до 1998 година. Повеќе години беше претседател на КУД „Пхралипе„ од Скопје како и основател и Претседател на Првата ромска политичка партија ПЦЕРМ. Инаку Фаик Абди беше дел и учесник на првиот ромски Конгрес во Лондон во 1971 година. Почина на 2 октомври 2016 година.