По големата трагедија во Шуто Оризари каде животот го загубија две дечиња на возраст од 3 и 1 и пол година и зафати уште четри куќи , сега изгледа институциите и државата се „освестува„
Покрај возилата од Пожарна, на лице место имаше и полиција, а на терен излегле и три возила од брзата помош.
-Интервенирано беше првично со две возила од потцентар Бит Пазар, па после тоа од Автокоманда пративме уште две возила.
Жителите на Шуто Оризари се жалат дека пожарите се доста чест и голем проблем во нивната општина. Велат долги години бараат да се формира противпожарна бригада таму, но институциите како да се глуви на нивните барања.
-Време е веќе без разлика кој ќе дојде на власт да воспоставиме противпожарна единица за да нема вакви немили случувања. Ако имаме време, начин и енергија да организираме балови, да организираме разно разни настани, можеме и мораме да воспоставиме да формираме против пожарна единица на локално ниво, велат револтираните граѓани на Шуто Оризари
По трагедијата на лице место беа и техничкиот премиер Оливер Спасовски и техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи, градоначалникот на општината Курто Дудуш и др.