На 6 август годинава во близина на Горно Оризари покрај патот беше пронајден женски леш во црна ќеса. По обдукцијата беше идентификувано телото и утврдено е дека се работи за 30 годишна девојка жител од населбата Шуто Оризари.
Потоа од МВР потврди дека таа била убиена со употреба на цврст предмет и дека потоа беше фрлена покрај патот. Веднаш се појавија и информации дека веќе имаат и осомничени лица за тоа убиство.
Но потоа веќе немаше информации до каде е истрагата. Според неофицијални извори како осомничени засега се водат две лица, жители од населбата Шуто оризари, но поради недостиг на докази, постапката против нив е запрена но тие сепак сеуште внимателно се следат.
Исто така неофицијално се дознава дека еден од осомничените е триесет годишен маж кој наводно со жртвата бил во секојдневен непосреден контакт и биле во неформална врска.
Поради тој факт, неофицијално е под полициско надгледување, каде во меѓувреме полицијата сеуште ги прегледува доказите за евентуално доколку се остварат нивните претпоставки да превземат соодветни понатамошни законски чекори.
Во истрагата се очекува да помогне и анализата на отпечатоците кои евентуално ќе се откријат на црната вреќа со која било завиткано телото.