По долга и тешка болестна 8 Август 2019 во својот дом во Шуто Оризари - Скопје на 87 годишна возраст почина Рефет Сулејман, кој во јавноста беше познат како Папо Алфонсо.
Инаку Рефет меѓу народот беше познат по својата ведрина, и покрај годините по својата виталност и љубимец на сите генерации. Беше позната градска фаца и неговото дружење со сите генерации.
Инаку истовремено поради неговиот ведар и насмен дух имаше и неколку актерски улоги на ТВ и играни филмови, како и на разни спотови и реклами.
Започна во еден хумористичен серијал на ТВ БТР заедно тимот на Ајгара Бенд, како и во повеќе хумористични театарски перформанси.
Истовремено играше мали епизодни улоги во филмовите на Емир Кустурица - „Црна Мачка - Бел Мачор„, „Шампионите од Шутка„ како и протагонсит во неколку видео музички спотови и реклами.
Неговите кафе другарувања во центарот на градот често беа скоро секојдневие, и затоа беше забележан и покрај годините со неговот стандардно бело одело и прераскажувањата кои ги доживеал за време на неговите патувања низ Европа.