По објавата во повеќе македонски медиуми дека полицајци биле нападнати во Шутка, а потоа пренесени во болница, реагираат жителите на Шуто Оризари. Според нив, станува збор за киднапери, кои биле во возило без таблици и задни седишта, а со нив носеле и лопати и фантомки. Тоа беа коментарите на самите граѓани кои се затекнаа на самото место и нивните коментари на социјалните мрежи како и фотографии од самото возило ( џип марка „Сузуки„ без регистарски таблици) кој беше на самото место од инцидентот и што беше забележано во внатрешноста на џипот.
Но наспроти ова дел од македонските медиуми информираа дадоа информација дека „Вистинска драма се одвиваше синоќа во населбата Шуто Оризари каде граѓани претепале полицајци кои не биле на должност, за кои мислеле дека се киднапери.„
Исто така и од страна на МВР со поинакво тврдење:
- Околу 17:20 часот на улицата Индира Ганди во Шуто Оризари малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор. Таа тоа му го кажала на возрасен маж, кој пријавил во полиција. Се собрала поголема група граѓани и во тој момент наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од Полицијата Чаир, кои не биле на работа, велат од полицијата.
Додаваат дека насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување на лекарска помош. Трите лица се од Долно Блаце.