Деновиве на социјалните мрежи на ФБ беа преплавени со информации дека наводно непознати лица со автомобили и без регистарски таблици кружат низ Скопје, особено низ Шутка и дека се обиделе да грабнат некои деца. Поради овој факт, луѓето од Шутка и околината се во паника и се организираат низ улиците за да ги пресретнат тие наводни киднапери. Луѓето се во страв и паника, дури и децата се плашат да ги пуштат на училиште.
Поради тоа редакцијата на Рома Тајмс се обрати до МВР и во телефонски разговор со Портпаролот на МВР , Тони Ангеловски кој беше запрашан во врска со овој момент, Ангеловски напомена: „ Тоа е лажна информација која се шири низ социјалните мрежи каде ние како Министерство излеговме со демант за оваа информација. Најпрвин се постираа слики на луѓе кои се наводно киднапери, а се работи фотографии на некои луѓе од Мексико, и дека информацијата е лажна. Истовремено напоменувам дека ниту еден до сега не пријавил ваков случај до МВР за евентуален обид на киднапирање на деца без разлика дали е од Шуто Оризари, Скопје или Македонија„ напомена портпаролто на МВР Ангеловски.
Инаку оваа информација меѓу Ромите од Шуто Оризари доби на размери откако порталот Ромапрес објави информација дека има лица кои оперираат на подрачјето на оваа општина, и на сето тоа објавен е видео материјал на разговор со една жителка на Ш.Оризари која ја кажува својата непотврдена верзија.
Затоа и редакцијата на Рома Тајмс, во потрага по вистината се обрати до МВР и сите овие шпекулации беа демантирани со апел да ја информираме јавноста па и самите граѓани од Шуто Оризари да не наседнуваат на вакви непроверени и лажни информации.