Од 1 Декември евтина струја и во периодот од 13 до 15 часот.

Од 1 декември од 13 до 15 часот се враќа евтината тарифа на струјата, соопшти денеска првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

– Не ја воведуваме оваа тарифа од политички причини, туку поради сигналот на цената на струјата на сите берзи – појасни Бислимоски

Во однос на цената на струјата која граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јули до 31 декември годинава, Бислимоски рече дека во двата пониски блока се намалува цената, а во двата повисоки блока се зголемува

– Вкупната цена во првиот блок се намалува за 7,04 отсто, во вториот блок се намалува за 4,09 отсто, додека во третиот блок цената се зголемува за 2,54 отсто, а во четвртиот блок се зголемува за 2,42 отсто. Цената во евтината тарифа останува иста. Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26%, а од декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5% на сметките – информира Бислимоски

Инаку од 1 јули ДДВ-то наместо 10 ќе се пресметува 18%

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 135 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот