Младата пејачка Зејна беше една од учесниците на овогодинешниот Евросонг за преставник на Србија, а нејзината композиција која е спој на традиционален и урбан звук беше и во игра за победник на ПЗЕ.
Пред финалето на фестивалот, Зејна се огласи на Твитер и откри со какви критики се соочува деновиве.
„Поради омразата што ја добивам секој ден (не за настапот, критиките се сосема ок). Откако морав да сменам основно училиште во прво одделение бидејќи наставничката и другарите ме дискриминираа поради мојата етничка припадност, тешко дека нешто лошо напишано може да ме повреди“, напишала Зејна и додала.
„Тоа е само една од епизодите низ кои Ромите поминуваат речиси секој ден. Со децении, па и подолго. И не смееме повеќе да молчиме за тоа. Ако психички не отцепите од се, сте успеале. Размисли за тоа следниот пат кога ќе сакаш да напишеш: циганче, циганите ќе те одведат, ништо не работиш“.
Youtube: