На 23 февруари годинава во хотелот Бон Бон во Скопје се одржа средба помеѓу преставници на дел од ромскиот НВО сектор , политички преставници и ромски иннтелектуалци да се разгледа Иницијативата за формирање на Ромска платформа за општествено позиционирање при процесот преговорите за членство во ЕУ. Иницијативата произлеезе од страна на Мрежата за системски и трајни решенија за Ромската заедница во Р.Северна Македонија.
На оваа средба присутните ја поздравија иницијативата и воедно нагласија дека е потребна во овој момент за да може да се превземат кпнкретни чекори во реализација на некои европски поглавја а кој се тесноо поврзани со Ромската заедница во државата.
Секој од присутните даде свои насоки и идеи на кој начин би требало да се движи за да биде практична и остварлива.
Пред се кај сите владееше оптимизам дека е можна реализација и затоа предложија во најскоро време да се одржат и повеќе состаноци и средби со поголемо учество и на други релевантни ромски фактори и чинители во ова општество.