Природната катастофа која се случи во понеделникот наутро на 6 февруари 2023 во јужниот дел на Турција како и северниот дел на Сирија не остави во светот никого рамнодушен. Секој ден пристигаат информации, видео од различни човечки судбини од тие подрачја каде бројката на загинати и повредени од минута во минута расте и изнесува над десетина илјади лица. Светот е на нозе и сака да помогне. Во најголемиот дел кај сите нас се буди хуманиот аспект. И Ромската заедница насекаде низ светот исто така на некој начин се приклучува кон хуманитарните акции. Преку социјалните мрежи се испраќаат соопштенија и информации дека во некои средини каде е и Ромската заедница организираат хуманитарни акции кои потоа се испраќаат за Турција и Сирија.
Без разлика на социјалниот и економски статус на тие Роми голем дел од нив се приклучуваат кон овие акции.
Во овој момент најважно е да се разбуди хуманитарниот аспект и свест. И се чини дека таа свест проработува кај повеќето.
Важно е во овие тешки мигови пред се е да се биде човек и да се помогне на оној на кој му е најтешко. А тоа е на народот од Турција и Сирија,
Бидете хумани без разлика на нација, раса и боја. Сите сме луѓе!