Гинекологот Мухамед Асани, кој во нелегална ординација во неговата куќа, давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи, доби условна казна. Од Основниот суд во Струга појаснуваат дека гинекологот е осуден за давање здравствени услови без дозвола за работа. Асани од Државниот санитарен и здравствен инспекторат доби забрана за вршење на дејност во нерегистрирана ординација. Според пресудата гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години.
На оваа одлука жалба до Апелацискиот суд во Битола вложиле и обвинетиот и Обвинителството, со што по жалбите се постапува, а пресудата не е правосилна. Родилката била примена во болница на 27.08.2020 година заради породување на гинеколошкото одделение, бидејќи била во 40-тата недела од бременоста. Ја примил првообвинетиот кој ја водел како пациент во текот на целата бременост и донел одлука породувањето да биде извршено со царски рез.
При операцијата му асистирал второобвинетиот, но при изведувањето на царскиот рез тие ја оштетиле левата бубрежна артерија по што на Веапоска ѝ беа извадени матката, јајникот и еден бубрег.