Подготовките за работа на ресторанот се во тек, во моментов се склопува опремата и се подготвува менито, а како што е најавено, полнето јагнешко месо, ромска чорба со тревки и специјален пилаф ќе бидат најистакнатите јадења.
Во февруари е планирано отворање на првиот ресторан со Ромска кујна во центарот на Солун. Ресторанот „Амалин“ е кулминација на долгогодишните напори на Здружението на жени Ромки Дендропотамос да ги интегрира жените кои припаѓаат на ранливите групи на население во општеството.
Ова ќе биде првиот непрофитен Ромски ресторан во вториот по големина град во Грција, а ќе го готват и служат жени од населбата Дендропотамос.
„Тоа беше нашиот животен сон. Здружението 20 години се бори за вклучување и промовирање на добри практики. Што може да биде подобро од истакнување на традиционалната Ромска кујна“ , рече претседателката на Здружението на Ромки Дендропотамоза, Џанула Мага.
Како што истакна, Ромската кујна е посебна и вреди да се проба, а воедно ќе биде поддржан и овој важен проект на заедницата.
„Тоа е најдобриот начин да му покажеме на општеството дека сме дел од него. Дека не сме невидливи. Во ресторанот ќе работат Ромки. Кога велам социјално ранливи, зборуваме и за поранешни затвореници. Ќе им дадеме поддршка да го најдат својот пат“, нагласи таа .
Подготовките за ресторанот се во тек, опремата во моментов се склопува и се подготвува менито, а како што е најавено, полнето јагнешко месо, Ромска чорба со тревки и специјален пилаф ќе бидат најистакнатите јадења.
„Амалин“ треба да ги отвори вратите на 4 фебруари 2023год.