На 27 јануари пред 78 години, Црвената армија го ослободи германскиот концентрационен логор на територијата на тогашната нацистичко окупирана Полска, Аушвиц-Биркенау.
Државниот музеј „Аушвиц-Биркенау“, кој се наоѓа на територијата на логорите Аушвиц I и II во градот Освиечим, ја одбележи годишнината под почесно покровителство на полскиот претседател Анджеј Дуда. На него не беше поканет ниту еден официјален претставник на Русија, а причина за одлуката беше војната во Украина предводена од Русија, објави вчера АФП.
Досега Русија секогаш учествувала на церемониите кои се одржуваат секоја година на 27 јануари, а нејзиниот претставник имал говор.
По ослободувањето, Црвената армија пронашла живи околу 7.000 затвореници. Сите преживеани до денес се поканети на комеморативниот настан, секој со придружник.