Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур, во вторникот на 13 декември 2022 ја објави пресудата за случајот Елмазова и другите против Македонија, кои се однесуваат на случаи за наводна сегрегација на ученици Роми во две јавни училишта во Битола и Штип.
Апликантите, 87 државјани на Македонија, се родени помеѓу 1958 и 2013 година и живеат во Битола и Штип и се со ромско потекло.
Случајот се однесува на наводната сегрегација на ученици Роми во две јавни училишта.
Апликантите биле ставени во основно училиште само за Роми во Битола (бр. 11811/20) и во одделенија само за Роми во училиште во Штип (бр. 13550/20).
Потпирајќи се на член 1 од Протокол бр. 12 (општа забрана за дискриминација) и член 14 (забрана за дискриминација), апликантите сметаат дека децата биле ставени во посебни училишта и паралелки во отсуство на објективно и разумно оправдување.