Пропагандата и дезинформациите земаат се поголем замав, особено на социјалните медиуми. Порано пропагандата се користеше претежно за рекламни цели, денеска таа е навлезена во сите пори во општеството, вели новинарот Рамуш Муарем – Цирко, во интервју за ЦИВИЛ Медиа.
тој додава дека само со позитивна и реална пропаганда може да се бориме со црната и лоша пропаганда.
„За време на короната на социјалните мрежи објавив саркастичен пропаганден текст дека „само во Шутка нема корона“. Таа пропаганда се прошири многу брзо, меѓутоа, целта на таквата пропаганда ми беше да укажам дека Ромите во Шутка се заборавени од општеството, од системот“, вели Муарем.
Тој нагласи дека само со силна кампања и медиумска писменост ќе може граѓаните да се запознаат со лошата страна на пропагандата и дезинформациите.
Youtube-