Во рацете на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, во Берлин се најде објавената книга на англиски јазик „Страдањето на Ромите во Јасеновац“ од проф. д-р Драгољуб Ацковиќ, член на Меѓународната комисија за вистината за Јасеновац и пратеник. Ацковиќ книгата му ја подари на Штајнмаер на прославата на десетгодишнината од поставувањето на споменикот на Ромите и Синтите, жртви на Втората светска војна.
Ацковиќ подготвува нова книга за Ромите кои поминале низ логорскиот систем Јасеновац, за која, како што вели, предговор ќе го напише историчарот д-р Гидеон Грајф.
- Нема точни бројки колку Роми биле убиени во Јасеновац, но некои проценки покажуваат дека имало од 60.000 до 80.000 - вели Ацковиќ.
- Овие бројки се логични ако се знае дека на пописот во 1931 година едно од прашањата било „кој ти е мајчин јазик“ и дека само во Дрина Бановина 14.700 луѓе се изјасниле дека зборуваат „ромски“. А познато е дека така се изјасниле само секој четврти Ром. Сите во НДХ беа убиени. Во 1948 година во Хрватска официјално имало само 408 Роми.