Партиските функционери и активисти често користат незаконски средства за да влијаат врз изборната волја на членовите на социјално загрозените и малцинските групи. Најчест „партиски плен“, за жал, се припадниците на ромската популација.
Најсиромашните граѓани често се изложени на политички притисок како „лесни мети“. Во споредба со општата популација, стапката на вработување и образование кај Ромите е значително помала, а условите за домување се многу полоши. Во комбинација со предрасудите и маргинализацијата, овие факти го прават ромското население многу подложно на притисок и манипулација од страна на политичките актери.
Притисоци врз Ромите понекогаш доаѓаат и од малцинските партии. Притисокот често се врши од лица кои самите се Роми.
Или како партиски активисти или партиски соработници, т.е. ромски партиски повереници, или како координатори за ромски прашања, членови на ромски организации или членови на Националниот совет и сл.