Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари најостро реагира за последните случувања врз нападот на ромската медицинска сестра С.С. од страна на гинекологот др. Т.М. Според медиумските изјави на адвокатот на оштетената добиена е пресуда каде што е утврдена вина на гинекологот, но Лекарската Комора се уште не превзема соодветни санкции против насилникот.
Изненадени сме како е можно жртвата дополнително да биде виктимизирана со тоа што е принудена да работи во иста смена со насилникот! Ваквиот случај е дискриминација кон жените, а особено кон Ромките и влијае обесхабрувачки и демотивирачки за нивно понатамошно вработување и еднаквост во општеството.
Ние Здржение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари долги години се бориме за унапредување на жената Ромка во сите сфери од животот и токму поради тоа бараме од Лекарката Комара да постапи и да го санкционира насилникот согласно законските регулативи и лекарскиот етички кодекс.