Приватните автобуски превозници во Скопје за три месеци немаат добиено пари од Град Скопје за превозот кој го вршат и линиите кои ги одржуваат. Поради тоа веќе неколку дена одредени превозници не возат, па на дел од линиите нема автобуси и граѓаните се оставени без јавен превоз.
Таков е примерот со населбата Шуто Оризари каде линиите „19“ и „20“ не возеа во последните два дена.
По реакција од сите страни, се доби ветување пред се од градот скопје, дека од Петок состојбата ќе се нормализира.
Граѓаните од Шутка велат дека за да стасаат на работа мора да користат такси.
Приватните превозници се исплаќаат преку ЈСП „Скопје“ а таму пак веќе една недела нема директор откако досегашниот Иван Илиевски минатиот четврток си поднесе оставка неполни 6 месеци откако беше назначен на функција. Од Град Скопје не кажуваат кога ќе назначат нов и зошто до сега тоа не е сторено.