Велес: Ром бил попишуван како Не-Ром од попишувач во Велес

Реакцијата на дел од ромскиот НВО сектор како што е Движењето Аваја и воедно повеќе невладини кои се заедно во Мрежата за системски и трајни решенија  ја известува јавноста дека во Велес во текот на спроведување на пописот конкретен попишувач не ја извршувал својата работа согласно правилата за попишување на пописот, особено во делот на пополнување на информациите кои се однесуваат на РЕЛИГИЈА, ЈАЗИК И ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ. Лице кое било попишано од страна на конкретниот попишувач сведочи за неможност да ја изјасни својата РОМСКА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ.

Лицето кое се попишувало јасно истакнал дека сака да биде попишан како Ром на пописниот лист, меѓутоа конкретниот попишувач навел дека не може да го најде делот наменет за религија, јазик и етничка припадност во пописниот прашалник. Следствено, пописот завршил без лицето да биде попишано како РОМ! Во овој случај истакнуваме дека станува збор за НЕПОПОЛНУВАЊЕ ИЛИ НЕТОЧНО ПОПОЛНУВАЊЕ И ПРЕКРИВАЊЕ на податоците внесени во пописниот лист што претставува казниво дело и акт кој повикува на преиспитување на податоците внесени во пописната апликација од страна на конкретниот попишувач.

Затоа и се бараат да се спроведат следните чекори:

  1. Конкретниот попишувач во Велес да биде отстранет од позицијата попишувач;
  2. Конкретниот попишувач да биде казнет согласно член 49 од Законот за попис (2021) кој наведува дека ваквите случаеви се казнуваат со казна затвор од најмалку 3 години;
  3. Внесените податоци во електронскиот пописен прашалник од страна на конкретниот попишувач да бидат класифицирани како наупотребливи податоци и попишаните лица повторно да бидат попишани.

Истовремено и од страна на ромски активисти се добиваат  информации дека индивидуални групи од турската заедница вршат директно агитирање на терен и заедно со попишувачите ги посетуваат семејствата при самиот процес на попишување, што е спротивно на Методологијата и законот за попис. Затоа се повикува државниот завод за статистика да ја провери улогата на попишувачите во Струмица, и да ги мониторира истите како и да преземе соодветни корективни дејства за да го осигура интегритетот на пописот.

Исто така се упатува јавен апел до сите индивидуални групи, активисти, политички партии во Струмица, Велес и Радовиш но и во останатите општини да не прават притисоци кон ромското население.

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 374 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата