Личната карта како прво не е приватен, туку јавен документ, што привремено се дава на лицето за да можат институциите и со закон утврдените јавни и приватни правни лица до го идентификуваат. Податоците од личната карта, особено матичниот број се и со закон заштитени. Етничкиот идентитет е приватна и субјективна категорија. Ниту еден идентитет денес (а и во минатото) не е непроменлив, вклучително и етничкиот. Човекот може да си избере и да го променува кој било идентитет кога и да посака.
Етничките граници веќе не се така тврди и непропустливи, а има луѓе со двоен, троен и повеќеслоен етнички идентитет, како последица на мешаните бракови, миграциите и другите процеси на современото живеење.
Имајќи го во предвид дека нашиот политички систем и легислатива ја афирмира етничката поделба и нееднаквоста на сите граѓани врз основа на етничката припадност, ваквото етничко обележување на граѓаните ќе ја зголеми и така големата нееднкавост во општеството. Со тоа на мала врата во Македонија ќе се воведе и етничкиот апартхејд. Без изјасната и впишана соодветна етничка припадност во личните карти граѓанинот не ќе може да се вработи под еднакви услови, не ќе може да влегува во одредени дискотеки, базени, молови...
И уште нешто. Например ако таа „привилегија„ во нашата држава ја имаат Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите и Бошњаците зошто тоа право ќе го немаат некој Хрват, Црногорец, Египќанец, Торбеш..?
Уште еднаш се покажува дека ние сме едниствена земја и општество во светот што како основ за дискриминација ни служи Преамбулата на Уставот!
А се декларираме и припаѓаме во западната цивилизација и нашата земја е полноправна членка на НАТО!