Првото рочиште за предметот на полициска бруталност во Битола кое доби широко медиумско внимание и беше закажан за 9 феврурари во 10:00 часот во Основниот кривичен суд Скопје во Судница број 6 , беше одложено
Инаку судската постапка започнува по објавената видеоснимка на граѓанската иницијатива – Аваја за полициска бруталност врз припадници на ромската заедница. Оваа видеоснимка се прошири на социјалните мрежи и медиуми и се покажа полициската бруталност од страна на полициските службеници. Аваја заедно со Здружението Млади Правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права како и останатите ромски НВО и здруженија најостро го осудија ваквото однесување и понудија бесплатна правна помош на оштетените лица.