Како наближува статистичката операција Попис на населението, по цели 19 години, започнуваат и дискусиите околу бројките за населението во државата.
Во периодот од 1948 година до 2002 година во државата се спровеле шест целосни пописи (1948, 1953, 1961, 1971, 1981 и 2002). Инаку имаше и три несупешни обиди да се спроведе оваа статистичка операција (1991, 1994 и 2011).
Според нивото на пораст на населението досега според некоја аритметичка нивелација тој се движеше од 8 до 10% во просек.
Во 1948 година вкупниот број на население изнесуваше 1.152.986 од кои Македонци – 789.648 (68,5%), Албанци – 197.389 (14,5%), Срби – 29.721 (2,6%), Роми – 19.500 (1,7%),
Црногорци – 2.348, Хрвати – 2.090 и Муслимани – 1.560
На пописот во 1953 тоа ниво се движеше Вкупно – 1.304.514, Македонски – 860.699 (66%), Албански – 162.524 (12,5%), Срби – 35.112 (2,7%), Роми – 20 462 (1,6%),
Хрвати – 2.771, Црногорци – 2.526 и Муслимани – 1.591.
Во 1961 Вкупно – 1.406.003, Македонци – 1.000.854 (71,2%), Албанци – 183.108 (13%), Срби – 42.728 (3%), Роми – 20.606 (1,5%), Хрвати – 3.801, Црногорци – 3.414, Муслимани – 3.002,
Југословени – 1.260 и Словенци – 1.147.
На следниот попис во 1971 година вкупно – 1.647.308,Македонци – 1.142.375 (69,3%), Албанци – 279.871 (17%), Срби – 46.465 (2,8%), Роми – 24.505 (1,5%), Хрвати – 3.882,
Југословени – 3.652, Црногорци – 3.246 и Муслимани – 1.248. На следниот 1981 година
Вкупно – 1.912.257, Македонци – 1.281.195 (67%), Албанци – 377.726 (19,8%), Срби – 44.613 (2,3%), Роми – 43.223 (2,3%), Муслимани – 39.555 (2,2%) Југословени – 14.240
Црногорци – 3.940 и Хрвати – 3.349.
На последниот 2002 година, вкупно – 2.040.929, Македонци – 1.297.981 (64,18%), Албанци – 509.083 (25,17%), Турци – 77.959 (3,85%), Роми – 53.879 (2,66%), Србите – 35.939 (1,78%)
Бошњаци – 17.018 (0,84%) и Власи – 9.596 (0,48%).