Ромскиот крал и ромскиот судија Мухарем Салкановиќ (65) починал како последица од корона во италијанскиот град Монтебелуна, регион Венеција, кој изминатата недела беше погребан.
Салкановиќ имаше голем авторитет во ромската заедница во Европа и светот , на многумина им помогнал , повеќете посиромашните Роми , нарочито во неговиот роден крај . Неодамна тој донираше 10.000 евра во изградба на ограда за ромските гробишта во Бања Лука. Во Градишка имаше огромно богаство во недвижен имот. Ја сакаше Градишка, каде неговите родители се доселиле од Босански Петровац , а таму во последните десет години ивестирал 2.5 милиони евра.
-Мухарем пред се беше доброчинител. Неговиот збор беше многу почитуван во ромската заедница. Кога некому му беше тешко тој помагаше и посредуваше. Мухарем имаше 12 ќерки и синови , 65 внуци и девет правнуци.
Погребан е со големо присуство на карабињери и полиција кој се грижеа за безбедноста и здравствените протоколи. Сите истакнати медиуми во Италија дадоа информација поповод неговата смрт со констатација дека починал Ромскиот поглавар.