Мрежата за застапување за системскии трајни решенија се прашува: Дали конечно овој парламентарен состав ќе ја исправи неправдата кон Ромската заедница?

На 29 и 30 декември 2020 година Собранието на Република Северна Македонија организираше јавно сослушување на кадидати – Комесари за членови на Комисијата за спречување заштита од дискриминација. За состав на оваа Комисија се пријавија вкупно 44 кандидати. Се поставува прашањето? Дали овој пат конечно, овој состав на пратениците ќе изберат Ром кој во неговото искуство доминира во сите побарувани критериуми.
Пред неколку седници на Собранието на Република Македонија ги донесе измените и дополнувањата на Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Иако е констатирано од многу страни дека Ромите се најдискриминирани по повеќе основи во изминатите два состави не беше најдено за сходно да во сотавот на оваа Комисија за член се избере Ром. Овој ќе биде трет состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а дали ќе се избере останува како одговорност на овој парламентарен состав.
Една од стратешките приоритетите на Мрежата за застапување за системскии трајни решенија е и назначување на член Ром во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Истата Мрежата во 2019 година на неколкуте средби што ги организираше настапи со предлог за застапување со лицето Г-дин Точи Мухамед, преставник на ХДЗР „Месечина„ – Гостивар.
Последнот обид за состав на оваа Комисија се одвива овие денови, каде и по третпат од 2018 до 2020 година за кандидат се пријавува Г-дин Мухамед Точи, раководител на секторот за човекови права и меѓуетнички односи, магистар по правни науки со положен паравосуден испит и 28 години искуство на оваа тема, Ром, кој во неговото портфолио има големи постигнувања во делот на еднаквоста и недискриминацијата.
Дали најмалу 61 пратеник ќе се одвавежат и ќе гласаат за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и ќе го изберат Г- Мухамед Точи и ќе ја исправат неправдата нанесена од предходо и дадат важност на препораките на ЕУ за потребата од поголемо учеството на Ромската заедница во општеството, Ова е важен сигнал и за ЕУ затоа што започнува и отварање на Поглавјата 23 и 24, кој токму се наменети за имплементација и заштита на малцинствата во РСМ, вклучително и Ромската, а тука исто така вклучително и Стратегијата на Ромите.
Дали сето ова ќе се спроведе ќе покаже времето.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 1195 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот