Француската влада поднесе закон за пристап до јавен превоз и јавни институции врз основа на примена вакцина против ковид

Француската влада во парламентот поднесе закон што им овозможува на оние што се вакцинирани да имаат пристап до јавен превоз, ресторани, културни институции и други јавни места. Премиерот Жан Кастекс уште во понеделникот го доставил законот за воспоставување долгорочен систем за управување со вонредни состојби во собраниска процедура, кој е уште познат и како „зелен вакцина – пасош“, бидејќи содржи одредби што условуваат пристап до одредени активности и места врз основа на вакцинација.
Според тој закон, премиерот има право да одобри движење на лица, нивен пристап до јавниот сообраќај или одредени места врз основа на тест со кој се утврдува дека некое лице не е заразено или по превентивен третман, што вклучува и вакцинација против коронавирусот, објави Танјуг повикувајќи се на агенцијата Анадолија. Дебатата за законот почна минатата недела кога членовите на либералните и центристичките партии предложија воведување таканаречен „зелен пасош“ за луѓето што се вакцинирани. Законот е одговор на неколку истражувања кои покажаа дека Французите се многу скептични во однос на вакцинацијата и оти само околу 40 проценти од граѓаните се подготвени да се вакцинираат. 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 39 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот