Италија: Кој ќе одговара за смртта на 32 годишната Ромка, која почина по царскиот рез во ромскиот камп?

Ена почина во еден ромскиот камп во Секундијано. Таа почина поради компликации од царскиот рез. Здравствените одговорности што доведоа до смрт на младата жена сигурно ќе треба да се разјаснат: дали тие станаа свесни за тековната инфекција? Дали болницата каде што беше примена ја следеше правилно?
Едно е сигурно: кога жената, откако се породи, се врати во кампот, но веднаш се појавија и компликациите и влезе во автомобилот за да се врати во болницата заедно со некои членови на семејството, војниците и полицијата кои го чуваа просторот од тој камп ја блокираа и не ги пуштија да излезат. Тие се сомневаа во вистинитоста на изјавите на жената и ги задржаа. Во тој момент, таа излезе од автомобилот и во обидот да им објасни дека има здравствени проблеим таа се онесвести. Интервенцијата на полицијата го одложила спасувањето, а брзата помош пристигнала многу долго подоцна, и сведоците велат доценла неколку часа.
Тие ја однесоа во болницата, но беше доцна. Така почина една жена, млада мајка од ромските кампови. Нејзиното бебе, кое ја чекаше во инкубаторот никогаш нема да ја види.
Никој не зборуваше за тоа, ниту медиумите ниту јавноста. Првите написи во весниците се појавија во последните неколку часа благодарение на осудувањето на семејството и коминикето од Здружението Чи Рома кое со години следи многу ромски семејства на таа територија.
Овој акт Здружението го назначува како смртна казна за Ромите од тие кампови. Заборавени, напуштени и пред се здравствено несоодветно третирани. Воопшто Ромите во тие кампови се како граѓани од „втор ред„.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 273 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот