На 24 ноември 2020 познатиот бугарски кардиохирург проф. д-р Александар Чирков од страна на неговиот пријател беше пронајден мртов во хотелската соба во Варна каде што живеел, објавија медиумите според кои професорот не бил болен од ковид.
Прочуениот кардиохирург ја изврши првата трансплантација на срце во Бугарија во далечната 1986 година.
Од неговата биографија се издвојува и тоа што специјализирал кај познатиот кардиохирург, професор Бихлер во Западен Берлин во 1966 година, и бил лекар во тамошната Универзитетска болница, а потоа се префрлил во Западна Германија – на Универзитетот во Франкфурт на Мајна и на Универзитетот во Фрајбург, каде што е професор од 1981 година.
Во 1984 година се вратил во Бугарија, поканет од академик Атанас Малеев, ректор на Медицинската академија и заменик министер за здравство. Беше основач и долги години директор на болницата Света Катерина во Софија.
По тој повод во знак на благодарност, ромските активисти ќе предложат изградба на споменик на проф. Чирков во Лом. Иницијативата беше објавена на Фејсбук од луѓе од Лом. Во специјално обраќање до општината и до градоначалникот на Лом, Ромите ќе побараат да се продолжи вечноста на медицината, и големиот проф. д-р Александар Чирков.