Пратеничката Љатифа Шиковска до Ромалитико и АВАЈА: „На тендециозен начин ми го рушите угледот како Пратеник„. Ромалитико и АВАЈА возвраќа: „Вие земате плата како пратеник„

Деновиве на социјалните мрежи актуелно е „препукувањето„ преку ФБ на релација Љатифа Шиковска, пратеник во Парламентот, поповод една ФБ објава од страна на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и движењето Аваја.
Пратеникот Шиковска реагира на тоа дека Ромалитико и Аваја - „Со самиот пост на подмолен и тендециозен начин сакате да ми го рушите угледот како Пратеник. Се прашувам? Дали на овој начин Ромалитико и Аваја се обидува да освои симпатии од страна на заедницата на Ромите и да се оправда за сопствената пасивност и незнаење.„.
А поводот е забележан во првиот дел од ФБ објавата на Шиковска кој вели: „ Почитувани преставници од Ромалитико и Аваја! Закаснивте! Барањето за поднесување амандман, требаше да го доставите до мене многу порано бидејќи јас најкасно до Петок 20.11.2020 година ќе требаше да го поднесам до Парламентот. Искрено изненадена и револтирана РЕАГИРАМ на натписот на социјалната мрежа Facebook, со кој јавно ме повикувате и барате од мене да доставам Амандман на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.„
На оваа реакција од страна на Шиковска не останаа „должни„ ниту од Ромалитико и Аваја од своја страна велат дека: “Ако некој сакал да Ви ја дискредитира Вашата функција Аваја ќе излезеше со директен став дека сте го намалиле буџетот за Роми двојно и не сте предложиле амандман за зголемување на истиот. А кога веќе ги нарекуваш колегите како неписмени и пасивни, јас Вас Ве прашувам тогаш дали Вие навремено реагиравте и кој е резултатот.”
И останатите коментари беа поделени. Едни напоменаа дека сепак не е обврска некој друг да зема пари (пратеничка плата од 1000 евра), а други да прават анализи во врска со ребаланс на буџети и сл.
Друг коментар беше дека:„За формални неформални групи реагирале не реагирале исто е пошто по проект ќе си запишат активност: доставен амандман. Сега задоцнет или не, проектната активност ја исполниле.
Едно е факт дека вакви „препукувања„ не се во прилог на ниту една страна. Буџетот за Имплементација на планови од Ромската стратегија за 2021 е скратен за 26%. Дали е задоцнета реакцијата или не, колатералци се Ромите. Време е да се игра на карта „сплотеност„ наместо “разединетост„

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 412 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот