Кампањата 16 дена активизам против насилство врз жената , започна на 25 ноември , како Меѓународниот ден на борба против насилството врз жената и ќе тѕрае до 10 декември . кога ќе се одбележува Меѓународниот ден на Човековите права.
Насилството е посебно изразено помеѓу популацијата и во средини каде се застапени ранливите групи меѓу кој и ромската заедница. Жените Ромки се повеќекратно изложени на такво насилство , затоа што се дискриминирани, вовглавном неедуцирани, невработени и економски зависни.
2020 година беше турбулентна поради Пандемијата со Ковид 19 . Поради промените во начинот за живот допринесоа и во проблеми за остварување на женските права. . Паралелно со Кампањата за социјална и здравствена заштита #ОстаниДома, , каде домот беше како една од сигурните места, се појавија нови проблеми. Посебно Ромките со самата изолација и физичка дистанца значеше и поголем ризик од семејно насилство.
Насилството врз жената Ромка во повеќе делови во светот се случува секојдневно и дома и на работам во училиште, на улица, на социјалните мрежи и др.
Инаку насилство врз жената се смета и да се спречува жената да земе и учество во сите аспекти во општественото живеење како што е – политика, култура, социјала, економија.