После семејните трагедии, два неуспешни обида за освојување на Белата куќа и изборната кампања што ја наруши пандемијата, политичкиот ветеран Џо Бајден (77) ги убеди Американците дека тој е личноста што ќе ги обедини по Доналд Трамп.
До самиот крај, Бајден останува верен на пораката што ја потенцираше при објавувањето на својата кандидатура во април минатата година - „Ние водиме битка за душата на Америка“.
Во ноември 1972 година го прослави својот избор за американски сенатор, како петти најмлад во историјата, опкружен со среќно семејство. Еден месец подоцна, неговата сопруга и ќерката загинаа во сообраќајна несреќа, додека неговите двајца синови беа повредени. Неговата политичка кариера е долга, полна со контроверзни епизоди, но и успеси со кои со задоволство се фали. Харис ќе биде првата афро-американска потпретседателка во историјата на Соединетите држави. Таа има индиско потекло по мајка. „Татко ми секогаш велеше - шампиони, големината на човекот не се мери со тоа колку пати паднал на земја, туку со тоа колку време му требаше да застане на нозе“, често се сеќава тој.
Водејќи кампања за него низ целата земја, неговата сопруга Џил Бајден (69) е дискретна во врска со тоа. Динамична професорка, таа е една од неговите најголеми адути. Двојката се венча во 1977 година и ја имаат ќерката Ешли. Бајден е многу приврзан за своето семејство. Во 2015 година, неговиот најстар син Бо Бајден почина од рак на мозок. Тој често зборува за тоа со тага. Затоа тој не се кандидираше на претседателските избори во 2016 година. Католик кој е горд на своите ирски корени, Бајден ја посетува малата црква Св. Јосиф во Вилмингтон. Во јануари, за својот покоен син, тој рече: - „Се будам секое утро и ... се прашувам дали е горд на мене?“.