Слаѓана Новаков е Ромка има 27 години, не е мажена, нема деца, но има диплома и редовно вработување како и убавина на кои многумина и се восхитуваат.
За да полаже дека „ Ромките се ретка инспирација на уметниците„ фотографот Север Золак се одлучил токму нејзе да ја фотографира за изложбата по мотивите на уметникот Паја Јовановиќ.
Девојката на фотографијата од Север Золак преставува една храбра, елегантна жена со неверојатна убавина. Слаѓана е образована Ромка со академска титула, која повеќе не живее во неформална ромска населба . Ова е за прв пат Слаѓана да позира. Инаку Слаѓана пораснала далеку од аристократија/ туку порасна во ромската населба во Зрењанин – Опава.
Инаку Слаѓана се разликува по тоа дека нема досега направено никакви естетски корекции туку се е природно. Не и беше тешко да позира. „Би преставуваше чест што токму мене ме избра„ вели Слаѓана која во иднина размислува да се занимава со манекенство . Таа има уште две сестри кој работат во Белград.
Постарата сестра заврши Правен факултет и работи како судски соработник, а помладата е медицинска сестра во Воено медицинската аладемија. Сите три живеат со партнери но не се омажени. Инаку Слаѓана никогаш немала врска со Ром, но затоа имаше другарка Ромка во средното училиште. „Таа потоа се омажи , роди деца и така и заврши нејзината каријера. Сега веќе ќе биде и баба„вели Слаѓана. Во Белград освен со своите сестри немала можност да другарува со Роми. „Не ми преставува и не ми е под чест да бидам со мојот народ но не можам јас да трчам по улици и да ги барам. Сум немала можност и во опкружувањето навистина немам такви можности!. Сеуште не сум запознала таква личност. Сакам да имам нормална личност со која би имала и дете, но тоа денес е многу тешко да се најде таква личност„.„Никогаш не чезнеам по нешто што е невозможно. Кога го гледам својот живот – сакам нешто да створам , и да се борам за тоа„ вели Слаѓана.