Општината Морез, сместена во францускиот оддел Јури во источна Франција, неодамна купи стара куќа за 130.000 евра, а на изненадување и големо задоволство на сите жители, илјадници златници и пет златни прачки беа пронајдени во фрлени тегли за кисели краставички, чија вредност се проценува на 500.000 евра, пишува францускиот весник Le Parisien.
Кога го предадоа откриеното богатство за проценка, експертите рекоа дека вреди околу 500.000 евра. Прачките и монетите со децении ги чувале членовите на семејството Јобез, а нивните последни потомци, четири браќа и сестри, сите самци, живееле во неа долго време.
Се ширеле гласини дека во куќата има скриено богатство, но малкумина веруваа во тоа.
По смртта на последниот член на семејството Јобез, наследниците на куќата, далечни роднини на семејството одлучиле да ја продадат заедно со мебелот и сите предмети.
Општината ја купи за 130.000 евра, но повеќекратно профитираше, бидејќи според законот, купувачите на недвижнини се сопственици на сè што ќе најдат во неа.