Што се предвидува во Законот за спречување и заштита од дискриминација, донесен од Собранието

Собранието го донесе Закаонот за спречување и заштита од дискриминација. Цел на овој закон е обезбeдување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од  дискриминација во остварување на човековите права и слободи.
„Со општите одредби во овој закон се обезбедува превенцијата и забраната од дискриминација, облиците и видовите на дискриминација, постапките за заштита од дискриминација, како и составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (член 1
Овој закон се применува на сите државни органи, органите на единиците на локалната самоуправа, правни лица со јавни овластувања и сите други правни и физички лица во областа на: работата и работните односи; образование, наука и спорт; социјална сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјална заштита, пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и здравствена заштита; правосудство и управа; домување; јавно информирање и медиуми; пристап до добра и услуги; членување и дејствување во политички партии, здруженија, фондации, синдикални или други организации засновани на членство; култура; и сите други области.
Со Законот се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа (член 5).

Втората глава од Законот се однесува на облиците и видовите на дискриминација притоа конкретизирајќи ги одредбите кои се однесуваат на директна и индиректна дискриминација, повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација вознемирување, виктимизација, сегрегација и потешки облици на дискриминација (член 8,9,10,11,12 и13).

Link: https://akademik.mk/shto-se-predviduva-vo-zakonot-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija-donesen-od-sobranieto/

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 176 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот