Во Србија уапсен неонацистот Ерик Ламерс (60) и неговиот татко Морис (85) поради обвинувања за сексуална злоупотреба на дете во Белгија , пишува тамошниот медиум "Nieuwsblad.be". Како што наведува изворот , тие двајцата веќе оваа недела ќе бидат предадени набелгијските власти , меѓутоа обвинителството од оваа земја сеуште не го потврдило апсењето. Инаку Ламерс веќе е осудуван за двојно убиство во Антверпен и воедно за помагање на еден пријател, да го закопаат некое тело, и воедно е испитан во врска со озлогласната „Барбандска банда„ каде во 80-тите убија 28 лица во оружени грабежи. Ламерс веќе беше еднаш во бегство и повторно уапсен во Србија во 2008 година. Тогаш процесот траеше скоро една година додека не беше предаден на белгијските власти.