Мехмедалија Суљиќ (20) е од Тузла, Босна , и живее во една од многубројните ромски населби. Поради сплет на околности мораше да се откаже од школувањето во средно. Тој многу млад тргна во борба со животните предизвици за да им помогне на родителите. Беше добар ученик но живото го насочи на друга страна. Моментално се занимава со боречки вештини , и пред се е скромно момче кој е воедно и идол меѓу ромската заедница.
Мајката на Мехмедалија е болна од тумор и е парализирана. Татко му е болен од срцеви болести. Единстевни примања му се околу 80 евра месечно што едвај стигнуваат за лекарства.
За останатиот дел Мехмедалија лавовски се бори во рингот и надвор од него.
Тој за време на школувањето започна активно да се занимава со кик –бокс каде потоа заплови и во професонионални води. , каде бележи добри успеси. Во 2018 го прекина школувањето, и воедно престана да тренираПотоа најде работа во Бинго но поради пандемијата сега е и без таа работа. Сега работи за мали дневници, и се надева дека еден ден повторно ќе може да тренира, натпреварува и така да им помогне на родителите. Инаку за чеќење на неговата мајка Ремзија отворена е и хуманитарна телефонска линија за помош на бројот со префикс за Босна и 090 292 006 каде донираат по 3 KM (1.5 евро) за нејзино лечење.
Link: http://www.portal-udar.net/mehmedalija-suljic-prica-lava/