Растечкиот тренд на десничарските партии и нивната идеологија е во се поголема експанзија во Европа. Семитизам, анти циганизам, полициска прекумерна употреба на сила, гетоизација, дискриминација во сите сегменти на животот, и перфидната „невидлива дискриминација„ сокриена под плаштот на законите, за жал која е секојдневие на ромската заедница. Тие случувања прават ромската заедница во многу проблематичен и тежок период , каде се доведува до прашање и опстанок на најголемото малцинство на територијата на Европа. Сакале да рпизнаеме или не , носителите на власта скоро во сите држави членки на ЕУ се соочуваат секојдневно со новинарски информации за крѓенње на основните човекови права на ромската заедница.
Кога станува збор за територијата на Балканот , не е ништо со подобра слика , и слободно да се констатира дека постои огромен проблем , почнувајќи од реализација на сите неѓународни резолуции, се до зголементиот бран на вандалистички напади врз ромската заедница. Неодамнешниот инцидент и употребата на прекумерна полициска сила во Битола –Македонија е еден само до примерите како се постапува кон Ромите.
Дали со ова завршил проблемот? Не! После тие случувања бевме сведоци на ширење на говор на омраза кон Ромската заедница преку социјалните мрежи , фотографии и испраќање на закани кон луѓето кој земаа улество на протестите , притисок кон НВО секторот од страна на извесен Зоран Христовски. Дали е време да се молчи, или повторно да се подигне гласот!