Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација е на дневниот ред на денешната седница на Собранието. За носење на овој Закон, кој е услов за почеток на преговорите со ЕУ, потребно е просто мнозинство од пратениците.
Законот ќе стапи на сила по објавувањето во Службен весник, и со него сите граѓани кои имаат докази дека врз нив се случиле неосновани неправди поради дискриминација, ќе може да поведат граѓански спор. Докажувањето на индициите е предвидено е да биде на тужителите (дискримираните граѓани), а ако се докаже дискриминацијата врз нив, казните за сторителите се до 10.000 евра.
Глоба во износ од 400 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правното лице за кое е утврдено од надлежен орган дека извршило дискриминација на лица со попреченост ако не му обезбеди пристап, инфраструктура и достапност до информатички и комуникациски технологии и системи, до јавни објекти и услуги во урбани и рурални области. Со истата казна правното лице ќе се казни ако врши директна или индиректна дискриминација, или ако повикува други на дискриминација кон некого, ако правното лице вознемирува или посебно сексуално ако вознемирува или сегрегира.