Во Бугарија им мерат температура на Ромите со помош на дронови Кризниот штаб за борба против ширењето на коронавирусот во градот Бургас донесе одлука на жителите на ромските населби да им ја мери температурата со помош на дронови, соопшти телевизијата БТВ. „Донесовме одлука да испробаме иновативен начин за мерење на зголемена температура кај жителите на ромските населби. Наскоро ќе го почнеме мерењето на температурата на Ромите користејќи беспилотно летало со термовизори“, изјави градоначалникот на Бургас Димитр Николов. Тој објасни дека дронот може да забележи повишена температура на човек кој се наоѓа во група луѓе. Како што наведуваат бугарските медиуми, во населбите во кои живеат Роми е засилено присуството на полицијата, која проверува дали се почитуваат вонредната состојба и карантинот. Телевизија Нова соопшти дека во ромската населба Факултет во Софија се направени два контролни пункта и наведе дека ситуацијата таму е стабилна. Во моментов поради ситуацијата со коронавирусот во сите регионални центри во Бугарија (ги има 28) се воспоставени контролни пунктови. You tube: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=b1B2TsJGfrw&feature=emb_logo

Кризниот штаб за борба против ширењето на коронавирусот во градот Бургас донесе одлука на жителите на ромските населби да им ја мери температурата со помош на дронови, соопшти телевизијата БТВ.

 

„Донесовме одлука да испробаме иновативен начин за мерење на зголемена температура кај жителите на ромските населби. Наскоро ќе го почнеме мерењето на температурата на Ромите користејќи беспилотно летало со термовизори“, изјави градоначалникот на Бургас Димитр Николов.

 

Тој објасни дека дронот може да забележи повишена температура на човек кој се наоѓа во група луѓе.

 

Како што наведуваат бугарските медиуми, во населбите во кои живеат Роми е засилено присуството на полицијата, која проверува дали се почитуваат вонредната состојба и карантинот.

 

Телевизија Нова соопшти дека во ромската населба Факултет во Софија се направени два контролни пункта и наведе дека ситуацијата таму е стабилна. Во моментов поради ситуацијата со коронавирусот во сите регионални центри во Бугарија (ги има 28) се воспоставени контролни пунктови.

 

 

You tube: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=b1B2TsJGfrw&feature=emb_logo

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 263 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот