Најновиот извештај на независното експертско тела против расизмот и нетолеранцијата при Советот на Европа наводува дека "Ромите, муслиманите, Евреите и црнците" се долгогодишна мета на предрасуди, дискриминација, ксенофибична реторика и насилство во Европа.
"Ксенофобичниот национализам многу често и понатаму го прикажува Исламот како религија која је туѓа национална култура и идентитет на други држави членки на ЕУ.
Антимуслиманската реторика кон муслиманите кои имаат обележја на својата религија, а дополнително ја влошува состојбата посебно кај муслиманската жена„ се вели во извештајот.
Исто така се наведуваат и екстремни облици на насилство над Ромите засновен врз бојата на кожата и социјална маргинализација.
Оценка е дека се поголемата социјална и економска несигурност меѓу Европјаните, а тоа ја зголемува и нетрпеливоста од страна на ултранационалистичките и националистички партии во некои земји.