За потсетување е дека има се почести обвинувања кон Ромите за различни злоупотреби а една од тие е и дека социјалната помош ја трошат на опивање.
Со што се занимаваат Ромите од местото Пишкоровец во Меѓумурије? Одтаму велат дека најчесто се занимаваат со преработка и обработка на метал. Некои собираат и секундарни суровини.
На обвинувањата дека Ромите се занимаваат со криминал посебно со дрога и оружје тие велат: „ Тоа е лага. Тоа се некои личности кои шират такви лажни информации и се жалат кај градоначалникот , но сетоа тоа е лага. Ние ги немаме тие пари да се занимаваме со таков криминал. Тоа се измислица на некои жители од Меѓумирије, кој се Хрвати. Можеби тие се занимаваат со таков криминал, и за да го свртат вниманието во друга насока, измислуваат такви работи.
Што се однесува до образовното ниво на Ромите во тој регион,, тие велат дека децата се школуваат, и доколку се случи некој да не посетува училиште информирани се социјалните работници. Инаку како неписмени во тој регион се таргетирани околу 20% од Ромите , но поголемиот дел имаат завршено основно и средно образование, но најголемиот дел од нив се занимаваат со земјоделство.
Link: https://www.24sata.hr/news/zivot-roma-u-medimurju-mi-nismo-krivi-za-sve-probleme-677120