Иако образованието не треба да биде привилегија туку право на човекот и како таков со закон загарантирано без дискриминирање на децата, но во пракса не е така.
Понесени од тие пропусти , Советот на Европа (Council of Europe Dialogue) иницираше соработка со ромската заедница каде ќе се бори против сегрегација во образованието и дискриминација над ромските деца.
Во декларацијата се наведени низа проблеми со кој се соочуваат ромските деца во образовниот систем и нудат одредени решенија. Присилени да посетуваат одвоени училишта со намален наставен план и програм. Како резултат на тоа , добиваат полошо образование и се дискриминирани од школскиот кадар.
Со тоа се продлабочува и сиромаштијата затоа што нема да бидат добро платени за занимањата со кој ќе се здобијат и веднаш ќе има разлика во личните доходи помеѓу Ромите и останатите граѓани.