РДС: Во македонскиот образовен систем сеуште Ромите се „Цигани – лажливци„

„Циганот како сведок“ - вака е насловен еден од расказите во изборна лектира „Македонски хумористични народни приказни“ за шесто одделение. Во текстот ромите се опишани како поткупливи лажливци кои за пари лажно сведочат на суд,
Полова, расна, политичка со примерите што сега ги гледаме и национална – дискриминацијата во образовниот систем не оди во прилог на граѓанското општество кон кое се стреми Македонија – Едно општество за сите.
За пофалба е и иницијативата која ја превзема и Програм менаџерот Елвис Шаќири од „Ромалитико„ со изјавата за ТВ 24 во врска со дискриминирачкиот текст и дека писмено ќе се поведе постапка против министерството за образование и наука за спорната содржина.
Според некои информации Министерството за образование кое лани состави нов список на лектири и вети целосна ревизија на сите учебниците, не е добиен никаков одговор за оваа тема. Колку и дали од спорната литература била ставена под лупа и корегирана, нема засега одговор ниту од министерот Арбер Адеми.
Често во овие случаи ромскиот НВО сектор е тој „алармот„ кој укажува, се стреми и бори.
Но зачудува фактот каде се тука ромските политички лидери? Како и секогаш тие се во вакви случаи најтивки!
Молчат се до моментот кога може да експлодира како буре полно со барут!
И потоа ќе почнат со нивниот добро познат„ дневен ред„, демек први реагирале, ќе се видат со надлежните институции , ќе се ревидира и до бесконечност.
Луѓе едно треба да биде јасно. Ова е класичен пример за антициганизам, кој за жал е во пораст во нашето општество. Измената на зборовите "Циган" со Ром не го менува наративот и начинот на кој што е прикажан припадникот на Ромската заедница...романтизиран и полн со стереотипи!!! Текстот или лектирата треба веднаш да се тргне од употреба, бидејќи штети на она што сакаме да го промовираме, т.н. концепт на сите во едно општество!
Затоа Ромскиот Демократски Сојуз – РДС , апелира и го повикува Невладиниот сектор , ромската интелектуална сила, и сите за еднакво општество за сите, да се направи и петиција која ќе се достави директно до Владата на Р.С Македонија, до надлежното министерство , и други домашни и интернационални институции.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 186 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот