Крагујевскиот масакр (Германски - Massaker von Kragujevac) е масакр врз цивли во Крагујевац и околните села кој го направија единиците на нацистичка Германија на 19, 20. и 21. октомври 1941 година.
Во овој злочин страдаа околу 3.000 жители на Крагујевац и околните места , а меѓу нив беа и 300 крагујевачки ученици и петнаесетина деца на возраст меѓу 8 и 15 години (Ромски деца кои чистеа чевли низ улиците на Крагујевац)
Според историчарите тој ден беа стрелани 2.796 лица.
Стрелањето беше како одмазда за 10-те убиени и 26 ранети германски војници по борбата со партизаните и четниците на патот меѓу Бар и Љуљак.
Германскиот командант Франц Беме на 10 октомври издаде наредба дека за еден убијен германски војник да се стрелаат 100 лица , а за еден ранет германски војник да се стрелаат 50. По пресметката требаше да се стрелаат 2300 луѓе.