Лажните вести отсекогаш имале за цел да дадат една крива и превртена вистина. Потоа последиците се несогледиви.
Една таква информација деновиве на социјалните мрежи предизивика реакција, а нарочито меѓу Ромите.
Како резултат од недоделување на почеток на преговорите со ЕУ и Француското „Не„ за Република Северна Македонија, беше искористена со една Твитер објава од страна на новинарот Борјан Јовановски која беше објавена на социјалинте мрежи и гласеше : „Француски гнаси, цигански цркнете!„
Веднаш пота започнаа реакции од сите страни, со акцент од страна на Ромите.
Но за волја на вистината се покажа дека сепак машинеријата на „лажни вести„ имаше за цел да се девалвира личноста на Борјан Јовановски. И самиот тој се јави на социјалните мрежи со единствен демант и напиша : „Да имаше стварно стратегија и план за борба против лажни вести уште денес ќе најдеа кој е на фејзбук "Мисија" кој фалсификува и шири говор на омраза против Ромите и Франција.„