Младите Роми, средношколци и студенти од Куманово ги менуваат наративите, се едуцираат како да ги презентираат проблемите со кои се соочува ромската популација при остварување на здравствените права во рамки на проектот„Менување на наративите за Ромите во здравствените институции” – „Моето здравје е мое право“ кој го спроведува Националниот Ромски Центар (НРЦ) и Здружението „Симбиозис 12“ .
Преку креативните работилници, пишување новинарски стории, креирање на видеа, младите се изразуваат и бараат остварување на основното човеково право-право на здравствена заштита, потенцирајќи дека мора да се смени односот кој го имаат дел од лекарите, вработените во здравствените установи кон ромската популација, како да се надминат постоечките предрасуди кои се уште и во 21 век постојат кон ромската заедница.
Проектот, кој почна да се спроведува од ноември, минатата година ќе трае ноември, годинава е поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија.