Ромки во Чешка, стерилизирани без нивна согласност

47-годишна Елена, социјален работник, била неутрализирана односно стерилизирана против својата волја како млада жена.

Таа е една од четирите Чешки Ромки кои се жртви на присилна стерилизација, кои тие ги раскажуваат своите приказни во претставата насловена „Приказни кои (никогаш) не започнуваат“.  

Претставата премиерно беше изведена во Острава, град во Чешка со голема ромска заедница. Систематската стерилизација на жените Ромки без нивна целосна и информирана согласност со цел намалување на високите стапки на наталитет – беше државна политика во поранешна Чехословачка за време на комунизмот.

Практиката беше официјално прекината во 1993 година, но според информациите на Европскиот центар за права на Ромите (ERRC), практиката продолжи и во текот на 1990-тите и 2000-тите години, последниот познат случај во Чешката Република  се случи во 2007 година.

Повеќе од 10 години, Елена е активна во групата за жени Ромки кои го поставија ова прашање на агендата и успешно се бореа за да престане со присилната стерилизација во Чешка  Република.

Тие исто така бараат компензација за она што им е направено. „Но, тука не станува збор само за пари. Тука станува збор за признавање дека нашите права се повредени “, вели  Елена.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 552 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот