Еуробус е фирма од Словачка чии линии се возат низ регионот Кошице. Како и да е, сосема нови автобуси, очигледно, не се во состојба да го спречат старомодното однесување на некои од возачите на фирмата, за кои, наводно, не се секогаш од голема помош за ромските патници.
Компанијата тврди дека овие инциденти се примери на недоразбирања, но сведоштвата на очевидците и видео снимките од инцидентите сведочат за нешто друго. Серверот за вести има снимено два случаи, двата документирани со сведоштва на очевидци и видео, во кои возачите од фирмата не сакаат да им дозволат на ромските патници да се качат.
На релацијата Кошице - Молдава Над Бодво, една ромска дама сакаше да се качи во автобусот со сопругот и децата, но возачот одби да ги превезе, велејќи дека не може да им дозволи да ја носат количката. Семејството се понудило да ја склопат детската количка и да го земат своето бебе во раце, но возачот не сакаше.
„Ниту еден друг автобус не ни беше достапен. Начинот на кој се однесуваше возачот на автобусот, правеше се да не не прими но, мојот сопруг и јас бевме многу учтиви“, напишала ромката пред уредниците на PressTV.sk.